Поврзете се со нас

НБА

НБА доби свој „Ајронмен“: Играч на Њујорк одигра 500. натпревари во низа (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/nyknicks

Напорниот распоред во НБА лигата прави играчите понекогаш да бидат одморени и поштедени од страна на своите тренери, но тоа дефинитивно не е случај со Микал Бриџис кој сега влезе во посебно друштво во американската историја.

Ѕвездата на Њујорк Никс стана само шестиот играч во историјата кој успеал да одигра 500 натпревари во низа, а воедно тој е првиот по Тери Тајлер од далечната 1985-та година.

Речиси четири децении подоцна, се најде играч кој остана имун на повредите и изоставувањата од тренерите, па така Бриџис доби и нов прекар од страна на американската спортска јавнос.

Медиумите од САД го нарекуваат кошаркаркот на Никси нов „Ајронмен“, откако рано утрово стигна до јубилеен 500-ти меч во низа на пресметката против Орландо.

Никси победија со 100:91, а Бриџис до неверојатното достигнување стигна како член на Њујорк, иако низата му трае уште од времето во Феникс и Бруклин.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни