Поврзете се со нас

Англија

Навивачите веднаш почнаа со тролање: Хаверц беше исмеан поради потегот на дебито за Челси (ВИДЕО)

Објавено

на

Каи Хаверц на своето официјално деби како играч на Челси одигра 80 минути против Брајтон, натпревар кој дефинитивно не покажа зошто „сините“ толку инсистираа на негов ангажман, но ова е само почеток, офанзивецот ќе има многу шанси за докажување, а она што е најважно неговата екипа славеше на овој дуел со 3-1.

Меѓутоа дел од навивачите, особено оние кои не се наклонети кон Челси одма му фатија сеир на Хаверц за еден од неговите потези на натпреварот со Брајтон. Се работеше за катастрофално додавање на Каи на почетокот на второто полувреме, па дел од коментарите беа:

-Пас на сезоната од страна на Каи Хаверц-

-Колку пари чинеше ова момче?

-Хаверц стана од играч како Озил до додавање на Озил-

-Погба и Хендерсон ќе беа „убиени“ за ова-се дел од коментарите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни