Поврзете се со нас

Шпанија

Навивачите не сакаа да го пуштат Меси да си замине од „Камп Ноу“ (ВИДЕО)

Објавено

на

Шпанскиот великан Барселона минува низ тешки, емотивни моменти затоа што останува без својот најдобар досегашен играч Лионел Меси, играч кој дефинитивно е најголемиот кој го носел дресот на овој клуб.

Аргентинецот денеска и се обрати на јавноста, имаше прес конференција на која одговораше на сите прашања, сосема очекувано паднаа и многу солзи затоа што си оди од клубот кој беше негов дом две децении.

Освен на Меси многу им е тешко и на сите навивачи на каталонскиот гигант кои денеска имаа блиска средба со напаѓачот кога тој со своето семејство си заминуваше од „Камп Ноу“. Тие едноставно не сакаа да го пуштат Лео и го опколија неговото возило скандирајќи го неговото презиме.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни