Навивачите на Сити се загрижени: Агуеро се онесвестил и бил однесен во болница на полувремето од Аргентина-Нигерија

aguero-di-marija-32898329

Серхио Агуеро бил однесен во болница откако се онесвестил во соблекувалната на полувремето од пријателскиот меч меѓу Аргентина и Нигерија во Краснодар, објавија аргентинските медиуми.

29-годишниот напаѓач постигна гол во првото полувреме од победата на Аргентина од 4:2, но не се појави на теренот за вториот дел. Напаѓачот на Манчестер Сити беше заменет со Дарио Бенедето.

 

Сити, кој игра со Лестер во сабота, ги чека наодите од медициските прегледи пред Аргентинецот да се врати во Манчестер од Русија.

Facebook Коментари