Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Навивачите на Сити открија дека зајадливата порака не била наменета за Винисиус, туку за друг член на Реал (Фото)

Објавено

на

Навивачите на Манчестер Сити добија дозвола да прикажат голем банер за кој првично се најавуваше дека ќе биде забранет од „УЕФА“, а бидејќи во прв план на сликата се најде како Родри ја бакнува „Златната топка“, речиси цела јавност ова го протолкува како директна порака за Винисиус Жуниор.

– Престани да плачеш……, – гласеше пораката која ја испратија навивачите на Манчестер Сити, па бидејќи се крена голем прав на оваа тема, сега со соопштение се јавија и луѓето кои ја смислиле истата.

Во образложението кое приситгна рано наутро, фан-базата на Сити открива дека зајадливата порака не била наменета за Винисиус Жуниор, туку за човекот кој беше во вип-ложата.

– Никој во медиумите не сфати дека личноста за која беше наменет банерот не беше на теренот? Зборуваме за Флорентино Перез.

– Тој беше оној кој ја почна кампањата против Родри, тој направи да се бојкотира церемонијата од страна на играчите на Реал. Ја искажавме поентата, без разлика на исходот на мечот, – гласи соопштението на навивачите.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни