Поврзете се со нас

Италија

Навивачите на Рома собраа пари за казната на херојот од римското дерби (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialASRoma

Џанлука Манчини вчера ја дозна одлуката од дисциплинците и стана познато дека ќе мора да плати 5 илјади евра за својот недоличен потег на римското дерби, по кое вееше контроверзно знаме со кое се исмејуваше градскиот ривал Лацио.

Дисциплиското тело при Серија А одлучи да не биде престрого и одреди само парична казна, но тифозите на Рома заклучија дека тоа е голема неправда и затоа решија тие да му ја платат казната на својот стопер.

Манчини беше херој во секој поглед бидејќи беше играчот кој го постигна победничкиот гол, а тоа ги натера најверните навивачи на „волчицата“ да соберат повеќе од 5 илјади евра за неполни 24 часа.

620 фанови на Рома донирале за својот дефанзивец и експресно биле собрани 5900 евра, односно 900 повеќе од казната која беше одредена.

Навивачите преку официјално соопштение објавија дека тие ќе ја платат казната на Манчини, а доколку фудбалерот не сака такво нешто, собраните средства ќе ги донираат во хуманитарни цели.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни