Навивачите на Рома почнаа војна со газдата: Не сакаме нов стадион

roma-navivaci-32932099032

Навивачите на Рома почнаа сериозно да го навредуваат претседателот на клубот Џејмс Палота и му порачаа дека не го сакаат новиот стадион, кој што наскоро треба да почне да се гради.

Сопственикот на „волчицата“ конечно доби одобрение да го гради новиот дом на римскиот клуб и работата се очекува да почне до крајот на годината, но очигледно не се сите среќни поради тоа. Палота, на конференција во Лондон неделава, се пожали од навивачите, велејќи дека навивачите од југот, оние од Рим и Лацио, се тепаат многу, за разлика од оние од северот на Италија, кои, според него, се помирни.

Како реакција на неговиот говор, изминативе 24 часа во Рим се појави серија транспаренти со навредливи пораки за Палота, а навивачите испратија и отворено писмо до сопственикот.

– Историјата на Рома отсекогаш биле нејзините навивачи, не успехот на теренот. Ако се обидуваш да го уништиш тоа со промена на симболот на клубот, соработувајќи со властите на бариери на Стадио Олимпико, молчејќи за казните, ти одиш против своите луѓе. Па, што да ти кажеме? Не го сакаме новиот стадион! Не сакаме ваков претседател! – напишаа навивачите

Facebook Коментари