Поврзете се со нас

Англија

Навивачите на ПСЖ не го сакаат Погба, преку транспарент му порачаа: Слушај си ја мајка ти (Фото)

Објавено

на

Дел од најжестоките фанови на францускиот ПСЖ се против планот на клубот да го ангажира фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Пол Погба.

Погба тешко дека ќе ја продолжи кариерата на „Олд Трафорд“ и како што стојат работите големи се шансите тој да направи трансфер во редовите на ПСЖ, клуб со кој според некои медиуми веќе ги договорил личните услови.

За реализација на трансферот наводно се очекувал само договор меѓу двата клубови кои барем засега не седнале на маса за да преговараат за евентуалниот трансфер на играчот.

Навивачите на ПСЖ со банери поставени пред тренинг центарот на ПСЖ и пред „Паркот на принцовите“ го искажаа своето мислење за  ангажманот на Погба кој има уште една година од актуелниот договор со Манчестер Јунајтед.

– Погба, треба да ја слушаш твојата мајка, таа не сака ти да дојдеш овде. Не сакаме ниту ние, -пишеше на банерите поставени пред стадионот и тренинг центарот на ПСЖ.

Причината за гневот на навивачите на ПСЖ е изјавата на Погба од 2018 година кога тој кажа дека неговото семејство го поддржува тимот на Марсеј и дека тој веројатно никогаш нема да заигра на „Паркот на принцовите“.

– Сигурен сум дека нема да играм на „Паркот на принцовите“. Не ме привлекува тоа затоа што моето семејство, мајка ми и татко ми навиваат за Марсеј, па ПСЖ не влегува во моите планови, -изјави Погба во 2018 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни