Поврзете се со нас

Франција

Навивачите на Ница смислија морбидна песна за починатиот Сала, тренерот Галтие им одржа лекција (Видео)

Објавено

на

Во чест на Емилијано Сала, навивачите на Нант и Бордо често знаат да пејат идентична песна во деветтата минута од натпреварите, но сега истата доби една грозоморна и ужасна преработка која ја разбесни цела Франција.

„Емилијано Сала, Аргентинецот кој никогаш не се откажува“ се стиховите кои ги употребуваат навивачите на неговите два поранешни клуба од Франција, но оние на Ница се прикажаа во најлошо можно светло на вчерашниот меч во Лига 1 и употребија срамни стихови.

– Тој е Аргентинецот кој не знае да плива добро, Емилијано е под вода, – извикуваа навивачите на Ница во текот на 9-та минута од мечот со Ст.Етјен.

Ница победи со 4:2 и остана во трка за место во Лигата на шампионите, но топ тема беше срамниот чин на навивачите кој наиде на осуда од клубот, но и тренерот Галтие.

– Ница во најсилна можна смисла го осудува скандирањето за Емилијано Сала кои се слушаа на „Алијанц ривиера“ во средата вечерта. Клубот не се препознава според ова, вредностите на клубот се многу поинакви од оваа гадна и незамислива провокација од страна на малцинство број навивачи. Ница испраќа поддршка до семејството и пријателите на Емилијано Сала, – гласи објавата на Ница.

Foto:twitter.com/ogcnice_eng

– По победата, играчите не коментираа за случувањата на теренот, зборуваа за она што се случи на трибините, за она што го слушнаа. Во мое име, во име на соблекувалната, мојот стручен штаб, играчите и медицинскиот тим, сакам да се извинам на семејството на Емилијано Сала и на клубот Нант. Се слушаат многу глупости на стадионите, но ова ја надминува границата. Секогаш велиме дека стадионите се одраз за нашето општество, ако ова е нашето општество, тогаш сме во големи срања. Ова е едноставно нереално за мене, немам зборови. Тие фанови мора да останат дома, не смее да се слушне тоа на стадион. Се дрзнаа да навредуваат починат фудбалер, тие не смеат да излезат од дома и да дојдат на стадион, – изјави тренерот Галтие.

Емилијано Сала беше аргентински фудбалски интернационален и напаѓач на Нант до јануари 2021-ва година, кој за жал трагично го загуби животот во авионска несреќа додека беше на пат за Англија каде требаше да го реализира трансферот во Кардиф.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни