Навивачите на Наполи со специјален транспарент го пречекуваат Сари: Грбаво копиле… (Фото)

sari

Вечерва на „Сан Паоло“ ќе се сретнат Наполи и Јувентус, а актуелниот стратег на клубот од Торино, Маурисио Сари за прв пат ќе се врати на местото каде го направи најголемото тренерско достигнување во кариерата.

Навивачите на Наполи не можеа да му го простат предавството и тоа што Сари се реши да го води нивниот лут ривал и токму затоа со специјална порака го пречекаа искусниот стратег.

-Сари, грбаво копиле. Зборуваше се за  Јувентус, па ги соблече гаќите….- пишуваше на транспарентот на навивачите на клубот од Неапол.

Facebook Коментари