Поврзете се со нас

Англија

Навивачите на Ливерпул ја испеаја „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Клоп, Германецот не остана рамнодушен (Видео)

Објавено

на

Ливерпул испука „петарда“ во мрежата на Норвич и се пласираше во следната рунда на ФА Купот, но овој натперевар ќе остане во сеќавање и по емотивните сцени на „Енфилд Роуд“ во чест на Јирген Клоп.

Германецот пред овој натпревар соопшти дека си оди од Ливерпул на крајот од сезоанта и дека го заокружува незаборавното патување кое траеше девет години, па денеска во негова чест се испеја легендарната „You’ll Never Walk Alone“.

Цел стадион во еден глас пееше за својот сакан менаџер кој оствари историски резултати во Ливерпул, па иако му преостануваат уште неколку месеци како лидер на тимот, овој момент беше навистина емотивен.

Клоп ја слушаше фамозната песна на навивачите на Ливерпул со солзи во очите, но на крајот Германецот се насмевна во свој стил и дополнително го разубаве овој момент.

За да биде уште подобро, неговите фудбалери победија со 5:2 и фановите уживаа во вистинска фудбалска голеада на „Енфилд“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни