Навивачите на Јунајтед брутално го тролаат Сити пред градското дерби викендов

geri-nevil-328998328923

Навивачите на Манчестер Јунајтед почнаа да се шегуваат на сметка на Манчестер Сити во пресрет на градското дерби в недела.

Сити најави дека музичарот Ноел Галагер ќе ги претставува за време на преносот од натпреварот, додека во име на Јунајтед ќе зборува Гери Невил. Очекувано, навивачите на „црвените ѓаволи“ веднаш почнаа да им префрлаат на градските ривали дека немаат историја, сугерирајќи дека „граѓаните“ немаа ниту еден поранешен играч достоен да го анализира мечот.

Тролањето беше иницирано од самиот Невил.

Facebook Коментари