Поврзете се со нас

Балкан

Навивачите на Хајдук удрија по Перишиќ: Ѓубре едно…

Објавено

на

Иван Перишиќ пристигна како големо засилување за Хајдук, меѓутоа по само неколку месеци тој може да го напушти клубот од Сплит.

Тој беше отстранет од екипата и не беше во комбинација за настап против Локомотива за да по мечот тренерот Џенаро Гатузо обелодени дека ветеранот бил кај него во канцеларија и побарал да си замине од Сплит.

Гатузо откри зошто му дал „црвен картон“ на Перишиќ: Дојде во мојата канцеларија…

Ова дефинитивно донесе многу реакции кај навивачите кои не бираа зборови да го „поздрават“ човекот кој во еден момент може да биде херој, а веќе во друг да го гледааат како непријател.

-Ѓубре, од..би од Хајдук. Земи го и овој кловн од тренер со тебе. Стока неблагодарна, треба на сите да ви ги скршиме нозете-

-Земи си ги документите и бегај од Сплит. Браво Ливаја, така се сака Хајдук. Браво и Ракета (Ракитиќ). Нема такви пари кога го сакаш Хајдук-

-Уште утре земи ги документите. Не чекајте ја клаузулата, само исчезни и срам да ти е што го користиш Хајдук. Веќе еднаш го направи кога си замина, а ова сега… Срам да ти е. Не си поголем од клубот, затоа земи ги документите наутро и оди. Само не го спомнувај повеќе Хајдук. Срам да ти е, -се само дел од коментарите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни