Поврзете се со нас

Англија

Навивачите на „ѓаволите“ може да бидат задоволни: Ќе го направи Манчестер Јунајтед неверојатно добар

Објавено

на

Иако се уште не е официјално потврдено, веќе е јасно дека Ралф Рагник ќе биде привремениот наследник на Оле Гунар Солскјер.

Германецот кој важи за еден од најголемите тренерски умови во светот доби шестмесечен договор од управата на Манчестер Јунајтед и во следниов период треба да го среди тимот кој изгледаше навистина дестабилизирано под водство на Солскјер.

Рагник по крајот на шесте месеци колку што ќе биде привремен тренер ќе остане во управата на клубот и ќе го има клучниот збор за тоа кој ќе биде перманентен тренер на „ѓаволите“.

Откако Јирген Клоп се огласи со изјава за Рагник, тоа го стори и тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман кој потенцираше дека тој ќе биде одличен за англискиот тим.

– Тие ќе бидат неверојатно добри под негово водство, целиот клуб ќе биде таков. Неговата моќ и  начинот на кој сака да се игра фудбал е многу поразличен од тоа што се правеше таму изминативе години, -изјави Нагелсман во интервју за „Кикер“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни