Поврзете се со нас

Англија

Навивачите на Челси ќе ги сонуваат трите стопроцентни шанси на Џексон, Силва го однесе сите во финалето на „Вембли“ (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Манчестер Сити немаше препознатлива свежина и очигледно беше дека продолженијта со Реал Мадрид земале данок, но Челси не успеа да профитира од целата оваа ситуација и ги упропасти сите три стопроцентни шанси кои ги создаде.

Тимот на Маурисио Покетино имше голема прилика да го остави Сити без борба за  втор трофеј во период од неколку дена, меѓутоа напаѓачот Џексон имаше попладне за заборав и тешко дека ќе го заборави денешното полуфинле на „Вембли“.

Џексон имаше три стопроцентни шанси и не успеа да го матира Ортега во ниту една ситуација, а како што се случува тоа по правило, Сити казни на спротивната страна во вистинско време.

Избраниците на Пеп Гвардиола повторно живнаа по влегувањето во игра на Доку, па токму од левата страна пристигна акција по која Де Брујне додаде, а топката со многу среќа заврши кај Бернардо.

Силва не погреши и го пронајде патот до мрежата на Челси во 84-та минута, па ова беше преголем удар за „сините“ кои не успеаја да се опорават до крајот.

Сити на овој начин се пласираше во големото финале во ФА Купот, додека Челси ја загуби последната шанса да освои некој трофеј оваа сезона.

Утката на Џексон од првиот дел погледнете ја ТУКА 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни