Поврзете се со нас

Германија

Навивачите на Борусија го прекинаа мечот на оригинален начин, протестот најдобро ја опишува германската култура (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/BlackYellow

Борусија Дортмунд запиша сигурна победа над Фрајбург од 3:0 и играчите на првиот тим на голема славеа пред „жолтиот ѕид“ по последниот судиски свиреж, но пред тоа, интересна сцена на „Сигнал Идуна парк“ беше и принудната пауза која ја имаа актерите на двата тима.

Мечот од Бундеслигата беше во десетминутен прекин поради фрлените тениски топчиња и чоколадни монети од страна на навивачите на Борусија, кои решија на оригинален начин да го прекинат мечот и да испратат јасна порака.

За Германците, фудбалот има посебна вредност и најголемо значење се дава на домашните инвестиции и проекти, па затоа сите беа против РБ Лајпциг и странскиот проект кој забрзано се промовираше во елитната лига.

Последно, германската Федерација и Бундеслигата најавија дека ќе има странски инвестиции од познати компании за да се зголеми буџетот и да се доразвие фудбалот, но ваквите најави не поминаа воопшто добро кај фановите, кои традиционално имаат лошо мислење за финансиските инјекции кои не се од домашната земја.

Во знак на протест, навивачите на Борусија порачаа дека не ја одобруваат инвестицијата која ја најавуваат водечките луѓе во Германија, па вакви сцени се очекуваат и на останатите натпревари од оваа рунда во Бундеслигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни