Поврзете се со нас

Германија

Навивачите на Борусија бесни на клубот: Зедовте 20 крвави милиони, каде ви е моралот?

Објавено

на

Навивачите во Германија се познати по најширокиот опсег на општествени активности. Многу често преку песни и транспаренти на трибините го даваат своето мислење за различни политички прашања, минатата година спречија влез на сомнителен приватен капитал во германскиот фудбал, а често го изразуваат своето незадоволство од начинот на кој нивните омилени клубови добиваат пари, или спонзорски договори.

Последната ваква акција се случи вчера во Вестфален, каде навивачката армија на Борусија јасно им стави до знаење на челниците на клубот што мислат за нивното партнерство со компанијата Рајнметал од Дизелдорф, која се занимава со производство на оружје.

Навивачите во знак на протест поставија макета на тенк пред стадионот пред натпреварот против Ајнтрахт Франкфурт и му покажаа црвен картон на Армин Пејпергер, извршниот директор на споменатата компанија.

Да потсетиме, Дортмунд на 29 мај објави дека потпишал тригодишен договор со Рајнметал, три дена пред тимот да доживее пораз во финалето на Лигата на шампионите од Реал Мадрид на Вембли, но тогаш сето тоа остана на втор план.

Вчера беше јасно дека навивачите нема да преболат се така лесно. Здружението „Јужна Трибина Дортмунд“ во саботата објави дека повеќе од 90 навивачки групи се согласиле дека Рајнметал и неговите пари немаат место во спортот, а со тоа и во Дортмунд.

„Парите на прво место, а на второ вистинските вредности“.

„Каде ви е моралот“?

„Зедовте 20 крвави милиони“.

Ова беа само дел од транспарентите на најголемиот навивачка трибина во Вестфалија. Уште едно потсетување: Благодарение на тригодишниот договор со Рајнметал, Борусија ќе инкасира близу 25.000.000 евра или околу 11.000.000 по сезона.

Рајнметал е најголемиот светски производител на артилериска муниција и се очекува оваа година да постигне рекордна продажба од околу 10 милијарди евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни