Поврзете се со нас

Шпанија

Навивачите на „Бернабеу“ со брутален пречек за еден стартер на Анчелоти: Го исвиркуваат секој негов допир со топката (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Реал Мадрид претрпе нов болен пораз од Барселона во период од неколку месеци, а по потопот во Џеда изразен со резултат 5:2, најдебелиот крај го извлече Орелијан Чуамени.

Французинот беше посочен како најслаба алка во тимот на Реал Мадрид и навивачите на клубот му приредија непријатни денови на социјалните мрежи со низа навредливи пораки, но таквиот тренд продолжи и вечерва на „Сантијаго Бернабеу“.

Чуамени беше жестоко исвиркан во моментите кога спикерот го изговори неговото име пред стартот на натпреварот, но уште полошо е ситуацијата за Французинот за време на мечот.

Орелијан добива свирежи при секој контакт кој го има со топката во првиот дел од натпреварот со Селта Виго, меѓутоа мора да се посочи дека без последици не минаа и некои тактички одлуки на Карло Анчелоти.

После подолго време, Италијанецот доби свирежи од домашните навивачи пред стартот на натпреварот, што е јасен доказ дека во Реал Мадрид воопшто не се толерираа катастрофални изданија како она против Барселона во Суперкупот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни