Навивачите на Баерн го прекинаа мечот во Белгија фрлајќи банкноти од 500 евра, причината е уникатна (Видео)

pari-baerrn

Навивачите на Баерн Минхен важат за едни од најверните на светот поради тоа што го следат својот омилен тим на сите страни на светот, а меѓу другото, тие се познати и по тоа што секогаш го искажуваат незадоволството за прескапите билети со кои се соочуваат кога одат на гостувањата во европските земји.

Фановите на германскиот гигант веќе ги засрамија газдите на ПСЖ на натпеварот кој се одигра во Париз во месец септември, а сега смислија уште пооргинална идеја покрај банерот во знак на протест на скапите билети. На гостувањето во Белгија кај Андерлехт, навивачите на Баерн успеаја за момент да го прекинат мечот, откако испофрлија еден куп лажни банкноти од 500 евра во знак на протест на газдите кои сакаат да заработуваат од навивачите.

Германците уште еднаш го потенцираа своето мото „фудбалот е ништо без фановите на стадионите“, а нивната феноменална идеја експресно стана хит на социјалните мрежи.

Facebook Коментари