Навивачите на Баерн го понижија Нејмар со „подарокот“ кој му го фрлија на теренот (Фото)

neymar-minhen

Навивачите на Баерн Минхен во последно време станаа препознатливи по тоа што постојано протестираат на свој оригинален начин за високите цени на билетите на кои налетуваат при гостувањата во Европа, а ако најдобар пример за тоа добивме на последното гостување кое го имаа во Брисел, сега фановите на германскиот шампион си најдоа нова жртва.

Станува збор за најскапиот фудбалер во историјата на фудаблот, Бразилецот Нејмар, кој мора да се признае дека синоќа имаше пеколно гостување во Минхен каде при секој допир со топката добиваше жестоки свирежи. Големиот притисок го совлада Нејмар и тој не успеа да стане првиот играч во историјата кој постигнал барем еден гол на сите шест меча во групната фаза, но покрај ова, мораше да го трпи и понижувањето од навивачите на Баерн кој презентираа уште една иновација, фрлајќи банкноти од 500 евра на кои беше исрцртано лицето на Бразилецот (јасно алудирајќи на тоа дека парите го натераа да се пресели во ПСЖ).

nejmar-pari

Facebook Коментари