Навивачите му се поклонија: Федерер со мајсторски поен ја воодушеви публиката во Рим (Видео)

rocko

Рожер Федерер по пауза од три години е дел од АТП Мастерсот во Рим, а во својот прв настап дојде до рутинска победа над Жоао Соуза од 2-0 во сетови (6-4, 6-3).

Искусниот ас го надигра Португалецот со тоа што еден негов поен дефинитивно ќе се памети и за тоа говори реакцијата на публиката во италијанската престолнина која му се поклони на ветеранот. Федерер мораше да го даде максимумот, да се бори како Рафаел Надал, па со еден навистина мајсторски и одмерен удар да го матира Соуза во осмиот гејм од првиот сет.

Facebook Коментари