Поврзете се со нас

Германија

Навивачите ќе се вратат на германските стадиони на почетокот на новата сезона на Бундеслигата

Објавено

на

Германското првенство беше прво кое имаше успешен рестарт по паузата поради коронавирусот, а одговорните во земјата сакаат да биде прво од големата петорка и во кое ќе биде дозволено враќање на навивачите на трибините.

Медиумит во Германија пишуваат дека здравствените власти ќе дозволат навивачи во Бундеслигата, но со исполнување на строг протокол кој ќе треба да го почитуваат клубовите.

Досегашните најави се дека на стадионите ќе може да присуствуваат само домашни навивачи, а и дека нема да биде дозволено стоење и близок контакт меѓу фановите.

Истовремено, алкохол нема да се точи барем додека одлуката не биде променета, а веројатно стадионите ќе функционираат со намален капацитет.

Бундеслигашите ќе ги чуваат информациите за купувачите на билетите, за епидемиолозите да можат да ги следат кластерите доколку се појави позитивен случај меѓу фановите кои биле на трибините.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни