Навивачите го кажаа своето: Ова е супер тимот на годината во изборот на УЕФА (ФОТО)

mane-fir

Навивачите ширум светот гласаа и го одбраа тимот на годината во гласањето кое го организираше УЕФА.

Повеќе од два милиони луѓе го кажаа својот избор низ изминативе шест недели, па во дрим тимот на УЕФА имаме формација 4-4-2 или 4-2-4 во која сосема очекувано има најмногу претставници од актуелниот европски и светски клупски шампион Ливерпул. Од лидерот во Премиер лигата се голманот Алисон Бекер, дефанзивеците Енди Робертсон, Трент Александер Арнолд и Вирџил Ван Дајк како и крилниот напаѓач Садио Мане.

Од Барселона се Лионел Меси и Френки Де Јонг, додека другите места се резервирани за Кристијао Роналдо, Роберт Левандовски, Кевин Де Брујн и Матијс Де Лихт.

Facebook Коментари