Навивачи донирале 450.000 долари за туниски клуб за само еден ден

club-africain

Тунискиот легендарен клуб Клуб Африкен има долгови поради кои му се заканува банкрот, но неговите верни навивачи очигледно не помислуваат да дозволат такво нешто.

Навивачите започнале иницијатива за собирање средства и за само еден ден успеале да обезбедат 450.000 долари, кои ќе покријат голем дел од долговите на Клуб Африкен.

Клубот им должи плати на поранешни фудбалери и засега се проценува дека ќе мора да исплати околу 6 милиони долари за да избегне сериозна казна. Уште од претходно беше отворена банкарска сметка за истата цел на која веќе има 600.000 долари, што значи дека со последната иницијатива, Клуб Африкен собрал 1 милион долари.

Инаку, федерацијата веќе му одзема шест бодови и му изрече парична казна, со рок да ги исплати парите и да избегне дисквалификација.

Facebook Коментари