Навивач на Селтик доби тригодишна казна затвор поради напад на полициски коњи

huligan

Кевин Мегваер е хулиган кој е фан на шкотскиот клуб Селтик и кој следните три години ќе ги помине во затвор поради бизарна причина.

Имено, Мегваер бил иницијатор на напад на група полицајци пред натпреварот од шкотскиот куп кој Селтик го играл со Ердрај.

Мегваер во инцидентите успеал да нападне три полициски коњи и двајца службеници, па токму затоа веднаш бил приведен, а по неодамнешното судење му е одреден мерка затвор во траење од три години.

И претходно овој хулигна имал проблеми со законот и бил на условна казна, а имал забрана за пристап до сите фудбалски терени во Велика Британија која ја прекршил неколку пати.

Facebook Коментари