Навивач на Ренџерс „исчезна“ во Скопје и предизвика паника во Шкотска

connor1

Навивачите на Глазгов Ренџерс предизвикаа сериозна паника откако се проширија апелите за лоцирање на Џејмс Меклахлан, кој според првичните информации се „загубил“ во Скопје.

connor

Меклахлан пристигнал во Скопје заедно со својот брат и група фанови на шкотскиот клуб кој играше против Шкупи во Лига Европа, но утринава не се појавил на аеродромот за повратниот лет во својата земја. Неговиот брат побара помош преку социјалните мрежи, потенцирајќи дека Џејмс последен пат бил виден во 1 часот утрината во центарот на Скопје, по што му е загубена трагата.

Информацијата ја пренесоа и најугледните шкотски медиуми, но за среќа, неколку часа подоцна, неговиот брат Конор потврди дека Џејмс комуницирал со неговото семејство и дека е на пат за Шкотска.

Facebook Коментари