Поврзете се со нас

Евролига

Навивач на Партизан починал од срцев удар заработен во пеколот на белградска „Арена“

Објавено

на

Фото: https://www.facebook.com/bcpartizan

Кошаркарите на Партизан вчера стопија голема позитива на Барселона, но не успеаја да направат целосен пресврт против шпанскиот ривал во Евролигата.

Ова беше уште еден натпревар одигран во исполнета белградска „Арена“ и во жестока атмосфера создадена од домашните фанови, а српската спортска јавност остана шокирана и поради информацијата дека за време на овој евролигашки натпревар му се слошило на еден навивач на Партизан, кој подоцна починал.

65-годишниот Драган Ќетковиќ итно бил пренесен во најблиската болница, но лекарите не успеале да го спасат неговиот живот, а денеска Партизан преку своите профили на социјалните мрежи испрати сочувство до најблиските и се збогуваше со својот верен фан.

Она што е актуелно меѓу фановите се и последните два твита на самиот Ќетковиќ, со кои ги најавил дерби пресметките на Партизан.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни