Поврзете се со нас

Шпанија

Навивач на Атлетико побара од Феликс да го повреди Гризман, Португалецот експресно одговори (Видео)

Објавено

на

Антоан Гризман режираше враќање во Атлетико Мадрид во последните минути од летниот преоден рок, но неговиот кам-бек на „Ванда Метрополитано“ донесе измешани емоции кај фановите на клубот од шпанската престолнина поради начинот на кој Французинот претходно замина во Барселона.

На вчерашниот меч против Порто во Лигата на шампионите, Гризман се соочи со свирежи и аплаузи од гледалиштето на „Ванда“, но во Мадрид има и до толку бесни фанови на Антоан, што дел од нив му посакуваат и лошо здравје.

Денеска медиумите снимија една сцена од тренинг центарот на „колчонеросите“, каде навивач на Атлетико бара од Жоао Феликс да го повреди неговиот нов соиграч кој му е конкуренција во нападот.

– Жоао, повреди го Гризман…. Повреди го со старт на нога, – му порача навивачот на Атлетико, по што Португалецот возврати.

– Треба да имаш поголема почит кон Гризман, – одговори Феликс кој вчера беше стартер против Порто, а подоцна му го отстапи своето место токму на Гризман во средбата која заврши 0:0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни