Навивач го турнал судијата во базен, прекинато српското дерби во регионалната ватерполо лига (Видео)

Water-Polo-Balls

Ватерполо натпреварот меѓу Војводина и Црвена Звезда било прекинато на две секунди до крајот, откако еден навивач на домашниот тим го турнал судијата во базенот.

Во самиот финиш Црвена Звезда израмнила на 7:7, а очигледно незадоволниот навивач, го турнал хрватскиот судија Марко Матијевиќ во водата. Откако овој се вратил на својата позиција, го прекинал натпреварот, по што сега за резултатот ќе решава дисциплинската комисија на регионалната лига.

Се очекува Црвена Звезда да го добие натпреварот со службен резултат 5:0, со што ќе го зголеми водството во А2 групата каде Војводина е на второто место.

Facebook Коментари