Поврзете се со нас

Франција

Навас заработил повреда, Донарума добива простор да се наметне кај Покетино

Објавено

на

Кејлор Навас сезонава води жестока битка за голманското место во стартниот состав на ПСЖ, но сега очигледно ќе оди на принудна пауза, во која вистинска шанса ќе добие Џиџио Донарума.

Репрезентативецот на Костарика има повеќе настапи од Донарума на почетокот на сезоната, што изнуди и шпекулации за незадоволство кај Италијанецот, но сега работите одат во корист на поранешниот голман на Милан.

Навас се пожалил на повреда на адукторот на десната нога и бил заменет на полувремето на квалификацискиот натпревар меѓу САД и Костарика.

Однапред беше јасно дека Навас нема да биде на голот за дуелот со Анжер овој викенд, но повредата веројатно ќе му остави поголем простор на Донарума да се наметне како прв избор кај тренерот Маурисио Покетино.

Костариканците загубија од САД со 2:1, но и натаму имаат теоретски шанси за пласман барем во баражот за СП.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни