Поврзете се со нас

Шпанија

Навас со солзи во очите по топлото испраќање во пензија на „Бернабеу“: Ова никогаш нема да го заборавам (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/JNavas

Севилја не направи изненадување и претрпе очекуван пораз од Реал Мадрид од 4-2 во соочувањето во шпанската Примера.

Оваа средба беше последна во кариерата за гостинскиот капитен и легенда Хесус Навас, ас кој е клупска икона, но во исто време и многу почитуван од целокупната јавност на Пиринеите.

Домашниот клуб и навивачите максимално го испочитуваа Навас кој и не можеше да ги задржи солзите, односно доби спомен за кого самиот истакна дека ќе го памети до крајот на животот.

-Ова што го доживеав на „Сантијаго Бернабеу“ беше благословено лудило. Не можам да се сетам дека некогаш сум видел нешто слично на ривалски стадион.

-Сакам да им се заблагодарам на навивачите на Реал Мадрид за нивната посветеност и признание за мене во спомен кој ќе биде незаборавен, -порача Хесус кој за Севилја одигра 704 натпревари и освои осум трофеи.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни