Поврзете се со нас

Шпанија

Навас: Си го остварив сонот во Реал уште пред да освојам три титули во ЛШ

Објавено

на

Кејлор Навас беше дел од историскиот тим на Реал Мадрид кој освои три последователни титули во Лигата на шампионите, но костариканскиот чувар на мрежата открива дека сонот си го остварил многу порано, односно уште пред да стане трикаратен европски првак.

Актуелниот голман на ПСЖ со тешко срце го напушти Мадрид изминатово лето, но сепак беше приморан на таков чекор откако стана јасно дека Зинедин Зидан му даде предност на Тибо Куртоа.

Зизу беше искрен и му порача на голманот со кој освои три титули во најелитното натпреварување дека ќе биде втор избор, по што искусниот чувар на мрежата одлучи да ја промени средината и да се пресели во Париз.

Овој расплет дефинитивно не го налути мирниот Костариканец, кој вели дека во Реал Мадрид си ја завршил работата уште денот кога потпишал со шпанскиот великан.

– Кога имав осум или девет години, глумев дека сум новинар и си правев интервју на самиот себе. Си велев „тука сме со Кејлор Навас, голманот на Реал Мадрид?“ Си поставував сам себе прашање какво е чувството да се биде голман на Реал. Бог ми даде можност да го исполнам овој сон и тоа беше најдобриот ден во животот, – открива Навас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни