Наумоски ја доби битката, останува на чело на МКФ!

pece-sobranie

Петар Наумоски и во иднина ќе биде прв човек на нашата кошаркарска федерациија. Оваа е одлуката на делегатите на собранието кои денеска просториите на „Сквер 21“ му изгласаа доверба на нашиот легендарен кошаркарски ас.

Од вкупно 30 делегати со право на глас Пеце доби „зелено светло“ од 16, додека против беа 14  со што беа разрешни сите дилеми околу позицијата претседател во КФМ.

-Во изминатиот период кажав дека желбата за промена не е на клубовите, туку на индивидуи кои ги собираа и лобираа клубовите да дојдеме до нешто што јас сметам дека воопшто не ни беше потребно, -порача Наумоски кој ја доби битката со Владо Илиевски, но и со Зоран Дамјановски – Циц кој од сенка се надеваше оти ќе дојде до оваа функција.

Воедно на собранието беше изгласана точка со која не може повторно да се гласа за смена на Наумоски во следните две години.

-Затоа беше предложена точка на дневниот ред, која се изгласа, за да раководството биде ослободено две години од вакви сценарија. Еве за самата поддршка во спортот морам да истакнам и да се заблагодарам за историскиот состанок со Премиерот, неколку министри и градоначалници кои потенцираа дека спортот мора да биде поддржуван од државата ако сакаме професионализам во спортот, -истакна Пеце.

Facebook Коментари