Поврзете се со нас

Македонија

Наумче Мојсоски најави законско решение за поранешните и сегашните спортисти да добијат право на пензиски стаж, пензиско осигурување и пензија

Објавено

на

Поранешниот ракометен ас, а денес директор на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, одржа прес-конференција на која информираше за отпочнувањето на процесот за утврдување на законско решение за поранешните и сегашните спортисти да добијат право на пензиски стаж, пензиско осигурување и пензија.

Мојсовски од прес-центарот во Владата најави формирање на работна група што ќе ги најде најдобрите модели, за потоа со законска измена да се стигне до трајно и системско решение.

На овој начин времето коешто спортистите го поминале професионално ангажирани од спортски клуб би требало да им биде додадено, поточно, тоа време, тие години, да им бидат впишани во пензискиот стаж, во моментот кога ќе ги исполнат законските критериуми и старосната граница за заминување во пензија, најави Мојсоски.

– Ми претставува особена чест што денеска имам можност да го најавам исправувањето на една децениска неправда кон спортистите и спортистките во нашата држава. Со нивниот придонес, влог, со нивната пожртвуваност, многу од нив и како наши најголеми амбасадори, репрезентативци нѐ задолжиле сите нас ја задолжиле државата која гордо ја претставувале во Европа и светот. За спортистите и спортските работници, кои се занимаваат и се занимавале со професионален спорт, екипен или индивидуален, од независноста, па се до денеска, немаше конкретно системско решение, со коешто се регулира законски статусот за нивниот професионален ангажман, во делот што се однесува на здравствено, социјално, пензиско и инвалидско осигурување. Тоа значи дека вложениот труд, потрошеното време и учинокот на секој спортист, по заминувањето во спортска пензија, па до исполнување на старосната возраст за исполнување на правото за пензија, до денеска, не добиле вредност, како секој друг работник кој работи во различни дејности,- рече директорот на АМС кој имаше 20 годишна кариера и самиот потврди дека нема ниту еден ден стаж.

Остварувањето на спортска пензија за поранешните спортисти и спортистки е само првиот сегмент од исполнувањето на владините мерки во однос на трудовите и социјалните политики во спортот. Следен сегмент е поддршката за регулирање, односно субвенционирање на придонесите на сегашните спортисти и спортистки процес којшто ќе отпочне во вториот квартал од годинава и ќе тече паралелно со тој за спортските пензии.

Целото ображање на Наумче Мојсоски може да се проследи во следното видео.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни