Поврзете се со нас

Англија

Натрапник на „Олд Трафорд“ за момент му ја украде насмевката на Роналдо (Видео)

Објавено

на

Кристијано Роналдо уште еднаш победи на натпревар во перфектно сценарио, во кое навивачите се презадоволни од резултатот, а тој го постигна решавачкиот гол за победа со пресврт против Аталанта.

Португалецот по крајот на средбата презадоволен го напушташе теренот на „Олд Трафорд“ отпоздравувајќи им на фановите, но барем за момент го промени расположението откако натрапник на теренот почна да го влече за дресот.

Јасно е дека на Роналдо не му се допадна потегот на фанот иако тој е негов голем обожавател, а откако стјуардите ја елиминираа пречката, Португалецот си се врати на старото расположение.

Манчестер Јунајтед ја победи Аталанта со 3:2 и сега е на првото место во својата група.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни