Поврзете се со нас

Свет

„Натрапник“ го нападна Роналдо, обезбедувањето за малку ќе го повредеше Португалецот (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/selecaoportugal

Португалската фудбалска репрезентација обезбеди пласман на Европското првенство уште во минатото коло, но тоа не ги натера избраниците на Мартинез да го намалат темпото на денешното гостување на „Билјино Поле“.

Натпреварот во Зеница беше едносмерен и се беше решено уште во првото полувреме, во кое Босна прими пет гола во својата мрежа и доживеа вистински потоп од фаворитот.

Кристијано Роналдо со два гола го најави триумфот на гостите, а потоа до крајот на полувремето во листата на стрелците се запишаа и Бруно, Кансело и Жоао Феликс.

Во овој дел од играта, најголемата португалска ѕвезда се соочи и со една несекојдневна ситуација на теренот, бидејќи беше нападнат од „натрапник“, а за малку ќе беше повреден од обезбедувањето.

Безбедносните лица не дозволија навивачот да му нанесе штета на Роналдо, но Португалецот заработи мала повреда од мешаницата која настана околу него. Сепак, добра вест беше што не се работеше за ништо посериозно, по што полувремето го заврши со насмевка и со селфи со еден од редарите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни