Поврзете се со нас

Шпанија

Натпреварот меѓу Барселона и Хетафе стартуваше со невиден почетен удар во Ла Лига: Фудбал или рагби? (Видео)

Објавено

на

Барселона не брилјираше како во последно време и нависитна се изнамачи за да го победи Хетафе, ривал кој често знае да биде крајно незгоден поради затворениот пристап на игра.

Мадридскиот тим скапо ја продаде кожата и во самата завршница не искористи стопроцентна шанса преку Мајорал за 1:1, па по промашувањето на напаѓачот им олесна на навивачите на Барселона.

Каталонците продолжија со перфектната серија во Ла Лига и сега имаат „седум од седум“, а додека домашните фанови го слават Левандовски, оние неутралните се уште се чудат за начинот на кој почна мечот.

Хетафе доби шанса да го има почетниот удар и во дадената ситуација режираше несекојдневна акција кој не се памети во шпанската елита.

По првото додавање, топката беше деганжирана и леташе високо како во НФЛ и рагби пеналите, па затоа „ЕСПН“ реши да се пошегува на сметка на мадриѓаните.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни