Поврзете се со нас

Евролига

Натпревар на сезоната во Евролигата: Барселона од минус 20 до луда победа во „Палау Блауграна“ (ВИДЕО)

Објавено

на

Кошаркарите на Барселона издвојуваа победа над Уникс Казан од 111-109 во најлудиот натпревар во оваа сезона во Евролигата.

Гостите од Русија го добија првото полувреме со девет разлика (46-37) за да во третиот период ја зголемат предноста и во еден момент имаат плус 20, предност до која дојдоа и до самиот старт на последната четвртина со тројката на Мејо (77-57).

Се одеше натаму дека Уникс ќе запише победа, домаќините се обидуваа, ама никако не успеваа да ја спушат негативата на едноцифрена разлика за да на 6 минути до крајот Кенан по погодената тројка за 69-84 се реши да ја испровоцира публиката во „Палау Блауграна“ и да го прослави кошот со ставање на прстот на уста.

Од тука како се да се промени, се налутија и избраниците на Јасикевичус и до крајот направија серија од 25-10 и се изборија за продолжение (94-94).

Тука домаќините го комплетираа пресвртот и со 17-15 дојдоа до голем триумф со тоа што мора да се напомене дека Уникс го имаше последниот напад, но Браун го промаши шутот за три поени.

Миротиќ со 28 поени беше најефикасен играч, одличен беше Курич со уфрлени 24, Јокубаитис додаде 15, Егзум 13, а Лапровитола 12 кошеви.

Лоренцо Браун кај поразените даде 27, Џон 21, а Кенан 20 поени.

Останати резултати:

Андолу Ефес-Црвена Звезда 84-83

Алба-Монако 92-84

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни