Поврзете се со нас

АТП

Настасе со остри критики до Ѓоковиќ: Се правеше паметен, па зарем…

Објавено

на

Некогашниот светски рекет број еден и освојувач на 62 титули, Илие Настасе удри по српскиот ас Новак Ѓоковиќ, а причината за тоа е организаицијата на турнирите во Белград и Задар по кои се појавија неколку случаи на заразени со КОВИД-19.

Настасе кој има 73 години смета дека секој оној што не ги почитува правилата заслужва да ја плати цената за тоа.

-Новак знаеше многу добро каков ризик презема со организацијата на ваков турнир. Тој мислеше дека сите се глупави, a тој e samo паметен и еве што се случи, -истакна Настасе кој потенцира дека турнирот бил бескорисен.

-Ако сите навистина ги следеа правилата како што велат и сепак се заразија, тогаш овој вирус е многу опасен. Се разбира оној што не ги следи правилата, заслужува да ја плати цената за тоа. Што му требаше на Ѓоковиќ овој турнир, зарем нема доволно пари? Целиот турнир беше бескорисен, -заклучи легендарниот Романец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни