Насри се врати со победа во Премиер лигата, Младиот Рајс ја продолжи гостинската агонија на Арсенал (Видео)

west-hem

Самир Насри се врати во Премиер лигата откако му истече 18-месечната казна поради допинг, а судбината посака својот прв настап за Вест Хем да значи соочување со неговиот поранешен клуб Арсенал со кој не се раздели на најдобар начин.

Насри одигра фантастични 70 минути на денешното лондонско дерби кое се одигра на Олимпискиот стадион, па така ја имаше и улогата на асистент во единствениот гол на мечот. Младиот Рајс излезе херој на денешниот меч, бидејќи мајсторски ја спроведе топката во голот и го „скамени“ Лено во ситуација кога доби една топка од Насри во шеснаесетникот на гостите.

Овој момент на стартот на вториот дел на крајот се покажа како клучен на ова дерби, кое само уште еднаш ни покажа дека Арсенал е во сериозна резултатска криза, барем кога се натпреварите на гостински терен. Ова беше петти натпревар во низа на кој тимот на Емери не победи на гостувањата во Премиер лигата, лоша серија поради која сега Арсенал значително го губи чекорот во битката за четвртото место на табелата.

Facebook Коментари