Поврзете се со нас

Свет

Насри се појави на „Велодром“ и ги запрепасти фановите со својот изглед (Фото)

Објавено

на

Пред неполн месец, Самир Насри објави крај на својата кариера на 34-годишна возраст, но три седмици по оваа вест, денеска за првпат се појави во јавноста и комплетно ја шокираше цела Франција, но и сите искрени љубители на фудбалот кој ја следеа неговата играчка кариера.

Насри вечерва е дел од „натпреварот на хероите“ кои се игра на „Велодром“, ревијален меч на кој Самир е дел од тимот составен од легенди на Марсеј.

Противниците им се познати поранешни ѕвезди од повеќе сфери во спортот избрани од страна на УНИЦЕФ, а иако на теренот се појавија големи имиња како Дрогба, Сисе, Раванели, Пирес, Бартез, Камбијасо, Карвалјо, Десаи и многу други, сепак во прв план се најде поранешниот играч на Марсеј, Арсенал и Манчестер Сити.

Насри очигледно уживал во секојдневниот живот уште пред да одлучи дека е време за крај на професионалната кариера, за што најдобра отслика е изданието во кое се појави вечерва на теренот.

Французинот има најмалку 20-тина килограми повеќе од деновите кога беше во врвна форма, издание со кое ги запрепасти фудбалските фанови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни