Поврзете се со нас

Франција

Насри: Нема да биде изненадување ако Зидан стане тренер на ПСЖ

Објавено

на

Зинедин Зидан по заминувањето од Реал Мадрид е без ангажман со тоа што мора да се напомене дека неговото име постојано е актуелно во јавноста кога се работи за преземање на некој клуб, репрезентација кој прави промени или е на чекор до истите.

Деновиве во медиумите може да се прочита како Зидан го поврзуваат со Пари Сен Жермен и тоа како замена за Маурисио Покетино кој би заминал во Манчестер Јунајтед како наследник на Оле Гунар Солскјер. Колку е ова реално ова сценарио во овој момент е навистина прашање за дискусија, но според Самир Насри воопшто нема да биде изненадување ако популарниот Зизу слета на „Паркот на Принцовите“.

-Тоа не би било чудно за мене. Не би ми било чудно ако Зидан стане тренер на ПСЖ. Тоа е негова работа. Освен тоа, не смееме да заборавиме дека има добри односи со Катарците. Тој исто така покажа дека знае да се грижи и да управува со егото на големите играчи.

-Тој беше првиот тренер кој го натера Кристијано Роналдо да се согласи да одмори малку. И тој е некој кој има легитимитет во фудбалот. Кога тип како Зидан ќе им каже на Нејмар или [Килијан] Мбапе да го направат ова или она, тие ќе бидат повнимателни отколку ако тоа им го каже друг тренер. Исто така ова може да резултира со Мбапе конечно да го обнови договорот и да остане во ПСЖ следната сезона, -вели Насри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни