Насмеан до уши: Ибра изреагира како мало дете кога се сретна со својот идол Роналдо (Видео)

zlatan-nasmean

Златан Ибрахимовиќ во безброј наврати има признаено дека негов најголем идол од детството е Луис Назарио Де Лима Роналдо, незаборавниот бразилски напаѓач кој едноставно беше незадржлив за противничките одбрани на почетокот на новиот век.

Ибра со посебна љубов и посебен третман го поздравува својот сакан идол во секоја прилика која ќе му се укаже, а така беше и овојпат откако неповторливиот „Ил Феномено“ ја посети тренинг базата на ЛА Галакси. Златан насмеан до уши го пречека Роналдо и им го претстави на своите соиграчи, а интересен беше и делот во кој Бразилецот му порача на Ибра дека треба да играат заедно.

– Треба да играме заедно човеку, ќе има премногу килограми, – истакна Роналдо со што ги насмеа сите во соблекувалната.

Facebook Коментари