Италија
Насловната на „Газета“ со бомбастична најава за човекот кој ќе го наследи Недвед во Јувентус (Фото)

Џанлука Фереро е името кое ќе го наследи Андреа Ањели на претседателската функција во Јувентус, но во клубот ќе следат и многу подлабоки и коренети промени, кои отвораат врати за многу познати звучни имиња од минатото.
Оставките на Ањели, Павел Недвед и Маурицио Аривабене предизвикаа сериозен потрес во Торино, но додека финансиската полиција се уште се занимава со неправилностите околу нивното работење, клубот мора да прави планови за иднината и новата ера по 12-годишната етапа во која владееше Андреа.
Во позадина, клучен фактор во Јувентус и натаму останува Џон Елкан како најодговорен во менаџирањето на клубот, а една од неговите први препораки е во Јуве да се врати човекот кој испиша историја.
Угледната „Газета“ утрово излезе со бомбастична насловна страна околу човекот кој треба да го замени Павел Недвед, потенцирајќи го името на легендарниот Алесандро Дел Пјеро.
По завршувањето на играчката кариера, Дел Пјеро постојано е во близок контакт со Јувентус, но до овој момент ниту еднаш не доби одговорна раководна функција. „Газета“ во најновото издание информира дека „Пинтурикио“ ќе се врати како потпретседател и ќе го замени Павел Недвед во новата претседателската гарнитура во клубот, а оваа вест брзо ги израдува навивачите кои во минатото уживаа во неговите мајстории на фудбалските терени.
-
Светпред 18 часа
Фановите на Реал на големо ја прославија победата на Ал Хилал: Причина е Артуро Видал (Видео)
-
Шпанијапред 9 часа
Најдобриот играч на Реал од првиот дел од сезоната: Доживеав пад, не сум истиот по мундијалот
-
Шпанијапред 23 часа
Неверојатни бројки зад името на Столе: Само еден голман во Ла Лига е подобар од Димитриевски (Фото)
-
Италијапред 17 часа
Демирал ќе собира финансиски средства со дрес од Роналдо: Разговарав со Кристијано (Фото)
-
Италијапред 18 часа
Влаховиќ го прекина долгиот пост од месец октомври и донесе победа за Јувентус (Видео)
-
НБАпред 9 часа
ЛеБрон го собори рекордот на Абдул-Џабар, Лејкерс загубија во историската ноќ (Видео)
-
Англијапред 21 час
Рио тврди: Бруно не можеше да се конектира со Роналдо, сега добро гледаме…
-
Шпанијапред 19 часа
„Марка“ демантира: Перез точно знае кога ќе одлучува за иднината на Анчелоти