Свет
Наследникот на Тен Хаг ја заврши ужасната серија со отказ (Фото)

Раководството на Ајакс го загуби трпението по новиот лош резултат на првиот тим, кој последната победа ја оствари во месец октомври минатата 2022-ра година.
Серијата од шест реми средби и еден пораз на крајот резултираше со отказ за тренерот Алфред Шрудер, кој на клупата на „копјаниците“ пристигна како адекватна замена за Ерик Тен Хаг.
После неколку месеци, стана јасно дека тој сепак не е достоен да се носи со притисокот, па клубот со одлука која веднаш стапува на сила му го раскина договорот.
– Ајакс го раскинува договорот со Алфред Шредер. Договорот на тренерот беше со важност до 30 јуни 2024 година, но сега веднаш ќе биде раскинат. Многуте изгубени бодови и лошиот развој на тимот се главните причини за оваа одлука. Раководството на клубот веќе нема доверба во понатамошна соработка. Ќе биде прекината соработката и со помошниот тренер Матијас Калтенбах, – гласи објавата на Ајакс.
Под водство на Шредер, Ајакс последен пат победи на 23-ти октомври, а серијата од седум меча без победа е најлоша во историјата на клубот по онаа од 1974-та година.
Ajax stelt Alfred Schreuder op non-actief.
— AFC Ajax (@AFCAjax) January 26, 2023
-
Шпанијапред 20 часа
Изненадувањето во стартната постава на Чави: Го чекаме Меси во Барса, не го заслужува третманот кој го добива во Париз
-
Италијапред 21 час
Страмачони го нападна Инѕаги: Нема потреба од барање алиби
-
АТПпред 24 часа
Медведев со урнебесен говор ги изнасмеа сите присутни по поразот во финалето (Видео)
-
Формула 1пред 22 часа
Драматично во Ред Бул: Тензичната конверзација меѓу Ферстапен и Перез по крајот на трката (Видео)
-
Англијапред 14 часа
Англија остана без најдобриот играч за дуелите со Италија и Украина
-
Светпред 15 часа
Направи големо изненадување, па доби „шут карта“: Клосе заработи отказ во првиот тренерски предизвик
-
НБАпред 16 часа
Портер Џуниор заби преку Јокиќ, па откри што му порача на соиграчот (ВИДЕО)
-
Балканпред 23 часа
Хрватскиот јунак од СП во Катар со најоригинална објава за Адеми: Ако видиш дека не ги разбираш Кинезите….. (Фото)