Македонија
Наследникот на Скубе: Вардар е на добар пат да обезбеди среден бек од Португалија (ВИДЕО)
Македонскиот ракометен прволигаш Вардар се обидува да направи конкурентен и силен тим за наредната кампања, па додека се очекува официјална потврда од клубот за некои зделки кои се веќе договорени, заклучени, сега ни доаѓа информацијата дека „црвено-црните“ се на добар пат да го обезбедат наследникот на Скубе.
Се работи за Мигуел Мартинс Соареш кој според физичките предиспозиции не е ист како Скубе со оглед на тоа што е висок 192 сантиметри, но игра на истата позиција среден бек, организатор на играта.
Се работи за 22-годишен португалски репрезентативец и член на Порто кој на Вардар годинава му даде 7 гола во двете пресметки во ЛШ или вкупно во ова натпреварување дојде до бројката од 43. На ЕП кое пак се одржа на почетокот на годинава во Австрија, Норвешка и Шведска беше автор на 19 голови.
Додека се очекува потврда за Мартинс како и голманот Робин Кантегрел, вреди да се спомене дека Вардар потпиша нови договори или поточно ги задржа Стоилов, Ристовски, Мишевски, Дибиров, Чупиќ, Дисингер и Калараш.
-
Балканпред 22 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Шахпред 9 часа
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла
-
Шпанијапред 9 часа
Невидена сцена од топ 5 лигите: Разголена танчарка во ВИП ложата на натпревар на кој играше Барселона (Видео)
-
Шпанијапред 13 часа
Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)
-
Македонијапред 7 часа
Вардар обвини за опструкции: Пронајден е инвеститор кој сака да вложи 18 милиони евра, но…..
-
Шпанијапред 14 часа
„Синдромот Гати“ се префрли и во Шпанија: Играч на Алавес си даде автогол од 30 метри, противниците го тешеа (Видео)
-
Италијапред 14 часа
Мурињо по најлошиот старт во неговата тренерска кариера: Ни недостасува играчот кој лани направи многу грешки
-
Светпред 12 часа
Невил ги избра трите најважни летни трансфери и го посочи својот фаворит за титулата во ЛШ