Поврзете се со нас

Шпанија

Наследникот на Симеоне го постигна првиот гол во дресот на Атлетико (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/atletienglish

Екипата на Атлетико Мадрид ја оправда улогата на фаворит и ги освои трите бода во соочувањето со Лас Палмас, меч со кој беше отворена денешната програма во шпанската Примера.

Популарните колчонероси славеа со 2-0 во дуел кој ќе биде запаметен по дебитанскиот погодок на Џулијано Симеоне, синот на тренерот на Атлетико. Популарниот Чоло му даде шанса на својот наследник од првата минута, а тој врати за довербата со гол во 37 минута, гол кој заедно со капитенот Коке беше посветен на луѓето во Валенсија.

Инаку Диего својот прв гол за Атлетико го има постигнато на 5 ноември 1993 година за да сега по повеќе од три децении Џулијано стрела за „душекџиите“ во Примера.

Атлетико водеше со 1-0 се до 84 минута кога Серлот на асистенција на Де Пол ги потврди трите бода (ОВДЕ можете да го погледнете)

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни