Поврзете се со нас

Шпанија

Наследникот на Димитриевски режираше лудило во Ла Лига: Одбрани два пенали за победа во судиското продолжение (Видео)

Објавено

на

Леганес и Рајо Валјекано го отворија 22-то коло во шпанската Ла Лига, па иако станува збор за тимови кои не се доволно атрактивни, сепак се работи за мало градско дерби кое донесе многу емоции на теренот.

Поради состојбата на табелата, на домаќините далеку повеќе им беа потребни трите бода, но истите на крајот завршија во преградието Валјекас.

Рајо Валјекано победи со 0:1 на натпревар на кој стрелец на голот беше Сис, но на кој вистински јунак сепак беше Аугусто Баталја.

Голманот кој го наследи Столе Димитриевски на голот на Рајо режираше вистинско лудило во судиското продолжение, бидејќи успеа да одбрани два пенали.

Најпрво го прочита Де ла Фуенте во 98-та минута, па иако Леганес постигна гол од одбиената топка, истиот беше поништен поради предвремено влегување во шеснаесетникот.

Поради оваа ситуација, пеналот беше повторно изведен и топката се врати на белата точка, а потоа следеше уште една мајсторска интервенција на Баталја, кој по вторпат го прочита Де ла Фуенте.

На овој начинот, голманот на Рајо се претвори во голем херој, а напаѓачот на домаќините во голем трагичар.

Видеото погледнете го ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни