Поврзете се со нас

Шпанија

Наследникот на Чави веќе е во Барселона (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/FCBayernEN

Барселона се одлучи да фати сосема поинаков правец и реши да му врачи отказ на Чави Ернандес само еден месец откако го потврди како тренер за следната сезона, па во овие турбулентни денови, директорите и претседателот Лапорта имаат полни раце работа.

Барса во исто време преговара за прекин на договорот со Чави кој веќе се збогуваше од сите во клубот, но од друга страна ги договори сите детали со неговиот наследник, односно Германецот Ханси Флик.

Каталонскиот великан си подаде рака со трофејниот германски стручњак и ќе отвори едно ново поглавје пред почетокот на летниот преоден рок, бидејќи планот е Флик да биде потврден како нов тренер во најскоро можно време.

Како што јавуваат угледните каталонски медиуми, Ханси ова утро пристигнал во Барселона и веќе се наоѓа во градот, каде чека комплетирање на последната документација за да стави потпис на договорот.

Угледните „Мундо Депортиво“ и „Спорт“ информираат дека Флик е сместен во добро познат хотел во градот, од каде чека разврска на последните случувања пред да биде промовиран како наследник на Чави Ернандес.

Флик остави лош период зад себе во германската фудбалска репрезенатација, но претходно како предводник на Баерн беше еден од најпосакуваните тренери во светот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни