Поврзете се со нас

Италија

Наскоро ќе се донесе конечна одлука околу сезоната во Серија А, мечевите би се играле во несвојствени термини

Објавено

на

Се уште не е познато дали сезоната во Серија А ќе продолжи или ќе биде прекината како последица на пандемијата од коронавирусот.

Одговор на ова прашање ќе добиеме следната недела кога се очекува да се одржи клучниот состанок на кој ќе биде донесена конечна одлука.

На 28 мај е закажана средбата на која ќе учествуваат сите фудбалски чинители, а истиот ќе биде предводен од Винченцо Спадофара, министерот за спорт на Италија.

Голема е веројатноста првенството да продолжи, а терминот за негово рестартирање ќе биде или 13 или 20 јуни.

Она што се разгледува сега е нов термин за натпреварите кои сигурно нема да бидат играни во попладневните часови поради големите температури во Италија.

Така, натпреварите ќе започнуваат од 18:30 часот и од 21:00 часот, а термините во 15:00 и во 13:00 часот ќе бидат укинати.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни